Пролет ѝ е: Милена Антовска во фустан кој им пркоси на минусните температури на крајот од февруари

Добивај вести на Viber

Иако сме на крајот од месец февруари, сонцето е присутно, но температурите деновиве се ниски и е прилично студено, особено наутро и навечер. Но тоа не ѝ пречи на водителката Милена Антовска Станковска која за работа се облекла во фустан кој буквално ја навестува и повикува пролетта.

Белиот лелеав фустан со интересен дезен во пастелни бои кој има интересни ракави и ременче на половината која дава дополнителна женственост е модел кој ќе се носи во следната сезона.  

Целиот изглед водителката го надополнила со салонки во бела боја, а косата ја пуштила во нерамномерни кадрици, во стилот на шареноликата, топла, долго чекана пролет. 

Овој модел на фустан е одличен да го носите на прошетка со пријателките, за на работа, но и за вечени излегувања доколку го искомбинирате со вистинските детали и аксесоари.

Одличен избор.


Р.Ж.М.

Фото: Фејсбук