Како изгледа денес: Легендарната Лола од „Среќни луѓе“ открива и зошто не се појавува во јавност
На легендарната Лола од серијата „Среќни луѓе“ сè уште и нудат улоги, но ...
Актерката Злата Нуманагиќ за порталот „Блиц“ отрива дека и денес и нудат многу улоги, но поголемиот број од нив ги одбива бидејќи, како што вели, хонорарите се навредливи и смета дека не го заслужила тоа.
Злата не крие дека не ѝ се допаѓаат денешните серии, затоа што тие пропагираат многу криминал, но се согласува дека секој се слика себеси со тема што му одговара.
- Секоја серија го следи своето време. Криминалот не беше толку развиен и не беше вмешан во сите социјални пори. Погледнете колку насилство има во тие серии, колку вознемирувачки сцени има. Мора да научиме да живееме со тоа, затоа што времето е потешко и луѓето се посурови. Мене ми е навистина жал за само една работа, што ние правевме една епизода пет дена од фантастичната серија која имаше и проби. Денес, наместо пет дена, имате пет часа во кои е снимена една цела епизода. Тоа не може да донесе квалитет. Денешните серии го немаат она што го имаше тогаш РТС, што поставија стандарди. Не зборувам за сите серии, со некои исклучоци, но многумина беа снимени како аматерски работи - вели актерката искрено за „Блиц“ и додава дека порано добивала трипати повисоки хонорари отколку денес.
Извор: glossy.rs