Драстична промена на нејзиното тело: Џесика Алба му покажа на бившиот што изгубил ФОТО

Познатата актерка (43) која не ја гледаме често, воодушеви со својот изглед на одморот во Мексико.
Познатата актерка Џесика Алба (43) со години важи за една од најубавите на светот. Во меѓувреме, таа стана бизнисменка, основајќи ја компанијата „Honest Company“ и реши да му покаже на својот поранешен сопруг Кеш Ворен што изгубил, додека позира во бикини за време на одморот во Кабо, Мексико.
43-годишната актерка уживаше во друштво на својот син Хејс, а на својот Инстаграм профил сподели видео од нивниот одмор.
Погледнете ги сликите кои таа ги сподели:
„Совршен долг викенд со моето омилено малечко“, напиша таа во описот на видеото во кое ги покажа најинтересните моменти од нивниот одмор, а многумина забележаа дека Џесика изгледа подобро од било кога. На снимките на плажа ја покажа својата издлабена фигура, благодарение на тренинзите во теретана и здравата исхрана, а минијатурните бикини одлично и прилегаат. Сепак, некои веруваат дека актерката ослабела премногу.
Jessica Alba enjoys a sun-soaked getaway in Los Cabos 16.02.2025 x18https://t.co/FKmgpVV3we pic.twitter.com/61GTIfgQDs
— HQCelebCorner (@Pawe66862800) February 18, 2025
Инаку, Џесика и Ворен имаат уште две ќерки, 16-годишната Хонор и 13-годишната Хевен, а актерката поднесе барање за развод на почетокот на овој месец, откако на 16 јануари јавно објави на социјалните мрежи дека се разведуваат.
„Со години сум на патување на самооткривање и трансформација - и како поединец и во партнерство со Кеш. Горда сум на тоа како пораснавме како двојка во изминатите 20 години, а сега е време да започнеме ново поглавје на раст и еволуција како поединци“, напиша таа тогаш и ја исклучи можноста за коментирање.
„Одиме напред со љубов, добрина и почит еден кон друг и засекогаш ќе бидеме семејство. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во овој момент“, додаде тогаш актерката.
Последната објава на Ворен со Џесика беше пред речиси една година, на 11 март 2024 година. На сликата се држат за раце, а таа блеска во светкав сребрен фустан, додека тој изгледа елегантно во црн смокинг. Гласините за развод се разгореа кога актерката беше фотографирана на вечера без бурма, во друштво на непознат маж.
Долгогодишниот пар, кој се венча во 2008 година, нема предбрачен договор. Џесика поднесе барање за развод на 7 февруари со помош на славната адвокатка Лаура Васер, наведувајќи ги „непомирливите разлики“.