Го соблече фустанот и откри грб полн со рани: Бизарно видео од Ким Кардашијан предизвика неверување

Добивај вести на Viber

Познатата старлета често знае да ја премине границата на добриот вкус, а нејзиниот најнов потег предизвика шок и неверување...

Ким Кардашијан и нејзините сестри со години ги диктираат модните и естетски стандарди, поместувајќи ги границите со изразените облини, исклучително тенкиот струк и беспрекорно извајаниот изглед.

Додека некои го критикуваат овој тренд, сметајќи го за нереален и нездрав, други жени слепо го следат, обидувајќи се да го постигнат истиот изглед.

Сепак, последната жртва на Ким за модата и гламурот ги шокираше дури и нејзините најверни обожаватели. Сите сега се прашуваат - дали навистина отиде предалеку овој пат?


Последната епизода од реалното шоу „The Kardashians“ покажа колку е болно искуството на Ким откако на Мет Гала 2024 година носеше ултра тесен сребрен корсет дизајниран од Џон Галијано.

Темата на овогодинешната престижна модна вечер беше „Заспани убавици: Модно повторно будење“, а Ким избра спектакуларен корсет со цветен принт и вез од тантела. Иако и самата призна дека парчето не е баш најудобно, истакна дека го смета за „перформанс парче“ и дека не и пречело како изгледа.


Меѓутоа, работите се сменија кога Ким помина неколку часа во стајлинг што и го отежнуваше дишењето и движењето. По црвениот тепих таа се нашла во автобус со својата пријателка Ла Ла Ентони на која ѝ се пожалила на неподносливи болки и побарала помош да си го извади корсетот.

Меѓутоа, проблемот беше што дури ни Ла Ла не знаеше како да го откопча! Никогаш во животот не сум имала поголема болка“, признала Ким низ солзи.

Стилистите набрзо и дојдоа на помош, но тоа не беше крајот на нејзината мака. Ким откри дека станала клаустрофобична од носењето на претесен корсет и дека во еден момент мислела дека ќе се онесвести.

– Се чувствувам како да не можам да дишам. Можам да го толерирам до одреден степен, но сега навистина ми е премногу. Морам да одам во тоалет, не можам да дишам и морам да го соблечам ова веднаш или ќе умрам! – рече Ким пред камерата.

Додека се обидуваше дискретно да излезе од настанот порано, таа беше спречена од никој друг туку Ана Винтур, главен уредник на магазинот Вог. Ким се присети како Винтур и рекла: „Совршена! Можете ли да седнете на моето место додека ги поздравувам сите гости? – со што дополнително го одложува нејзиното бегство.

Кога конечно пристигнала во хотелот, нејзиниот тим тргнал во мисија да ја ослободи од нејзините болни модни окови. Веднаш штом корсетот беше отстранет, длабоките црвени траги беа откриени по нејзиниот грб, резултат на претесниот и крут крој.


Сепак, Ким не покажа каење. Кога продуцентите ја прашале дали вреди таа болка, таа без двоумење одговорила: – Апсолутно! Тоа сум јас. Ако изгледате добро, сето тоа вреди.

Дополнително, многумина забележаа дека таа додаде сив кардиган над својот гламурозен стајлинг на црвениот тепих, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Критичарите тврдеа дека тоа ја уништило целата комбинација, додека Ким подоцна објаснила дека кардиганот го донела од практични причини – за да ја стопли.

Ова искуство повторно ја отвори дебатата за границите на модата и здравјето. Дали вреди да се трпи болка за да изгледате совршено? Ким Кардашијан јасно мисли така, но многумина сметаат дека таа претерала овој пат.