Прво ладно цедено extra virgin македонско маслиново масло со врвен квалитет

Добивај вести на Viber

По повеќе од 17 години посветена работа, која започна во 2008 година, Olive Garden) успеа да ја реализира својата визија – создавање на врвно ладно цедено Extra Virgin маслиново масло, кое го носи вкусот и автентичноста на Македонија.

Во селото Пирава, општина Валандово, семејството Аврамовски со љубов и посветеност одгледува над 800 маслинови дрвја од сортите Chalkidiki, Ascollana и Picual, на површина од 20.000 квадратни метри. Нивната приказна е вистински пример за BOUTIQUE производство – од нива до трпеза, со целосна контрола на секој чекор од процесот.

Во 2023 година, направена е значајна инвестиција во модерна производствена и складишна инфраструктура, опремена со најнови технологии за преработка и чување на маслото. Летото 2024 година беше обележано со набавка на високотехнолошки млин за ладно цедење, кој го осигура производството според најстрогите светски стандарди согласно своите потреби.

„Нашата мисија е едноставна, но амбициозна – да создадеме маслиново масло кое ќе биде симбол на квалитет, традиција и автентичност. Секоја капка масло е плод на нашата долгогодишна посветеност и љубов кон маслинката и земјата“, вели Александар Аврамовски, носител на семејното стопанство.

Се работи според највисоките стандарди на BOUTIQUE производство. Секоја маслинка е одгледана со внимание и љубов, берењето се врши рачно за да се осигура целосна интегритет на плодот, а преработката започнува во рок од 4 часа по бербата. Температурата на цедењето е строго контролирана на околу 24°C, што ги зачувува сите нутритивни вредности и природни ароми.

Маслото се складира во соодветни инокс садови, кои го штитат од контакт со кислород, а складирањето се одвива во контролирани услови на температура и влажност што осигурува врвен квалитет на производот, без ризик од оксидација.

Ова е првото семејно стопанство во Македонија кое успешно го реализира целиот процес на BOUTIQUE производство – од одгледување на маслинките, преку преработка, па сѐ до финалното пакување. Секој чекор е 100% македонски, што гарантира автентичност и доследност во квалитетот.

Врвниот квалитет е потврден согласно критериумите исполнети преку детални анализи на квалитет и нутритивни анализи. Со ниска ацидност, богатство на антиоксиданти, карактеристична жолто-златна боја и неодолив вкус со ноти на зелена трева и свежи маслинки, ова масло е вистинско богатство за секоја трпеза.

Се користат исклучиво маслинки од сопствените насади, без увоз или откуп од други извори. Оваа целосна контрола на производствениот процес гарантира доследност во квалитетот и автентичност на секоја шише маслиново масло.

Со имплементација на строгите стандарди за хигиена и квалитет како и регистрација во Агенцијата за храна и ветеринарство, семејното земјоделско стопанство АА (Маслинова Градина - Olive Garden) со гордост го претставува првото македонско BOUTIQUE ладно цедено Extra Virgin маслиново масло.

Произведено во ограничени количини, со неспорен премиум квалитет, ова масло е вистинско богатство за гурманите кои ценат автентичност и традиција.

ПР објава