Елеганција и моќ во совршен баланс со новиот Galaxy S25 Ultra

Добивај вести на Viber

Galaxy S25 Ultra е ѕвездата на новата серија паметни телефони Galaxy S25 ипретставува вистински синоним за иднината на мобилната технологија, комбинирајќи врвни премиум материјали, најмоќен хардвер и иновативни софтверски решенија. Овој уред не само што ќе го трансформира вашиот дигитален животен стил, туку ќе ви овозможи да го доживеете мобилното искуство на сосема ново ниво, нудејќи совршен баланс меѓу елеганцијата и импресивните перформанси.

Од првиот момент кога ќе го земете Galaxy S25 Ultra во рака, ќе го забележите неговиот современ и беспрекорен дизајн. Со тенок и лесен профил, кој е за 15% потенок во споредба со претходните модели, уредот веднаш привлекува внимание. Заоблените линии и рамните рабови ја создаваат префинетата естетика, додека титаниумските и Corning® Gorilla® Armor 2 материјали осигуруваат издржливост и подготвеност за секојдневните предизвици. Згора на тоа, новите керамички елементи и подобрената антирефлективна обвивка дополнително ја зголемуваат неговата издржливост, создавајќи паметен телефон кој изгледа и се чувствува како вистинска премиум иновација.

Новиот Snapdragon® 8 Gen 3 за Galaxy процесор е срцето на Galaxy S25 Ultra, нудејќи неверојатни перформанси без никаков компромис. Овој процесор, поддржан од невронска единица за вештачка интелигенција, обезбедува непречено работење без оглед на активностите, било да се стримаат 4K видеа, играат графички интензивни игри или се користат апликации за продуктивност. Благодарение на интелигентното управување со потрошувачката на енергија, уредот обезбедува оптимална енергетска ефикасност и подолг век на батеријата, а оптимизациите во реално време го прават целокупното мобилно искуство беспрекорно.

И фотографирањето и снимањето на видеасоGalaxy S25 Ultra се на завидно ниво. Со својот ProVisual Engine и напредните сензори, овој уред овозможува снимки и видеа со неверојатна јасност и деталност, дури и во услови на слабо осветлување. Системот од камери го сочинуваат фантастичните ултраширока камера од 50 МР, широкоаголна камера од 200 МР со 2 х зум со оптички квалитет, телефото камера од 50 МР со 5 х оптички зум и 10 х зум со оптички квалитет, како и телефото камера со 10 МР со 3 х оптички зумќе ви овозможуваат да снимате пошироки сцени и пејзажи без губење на квалитетот. Напредните функции како 10-битно HDR снимање и намалување на бучавата со помош на AI обезбедуваат сликите и видеата да бидат кристално чисти, додека новите алатки за уредување, како Audio Eraser и Virtual Aperture, овозможуваат професионално уредување без потреба од додатни уреди.

Со One UI 7, Samsung овозможува целосна персонализација на корисничкото искуство. Со интелигентни предлози кои учат од вашите навики, апликациите и алатките се прилагодуваат на вашите потреби, додека напредната безбедност преку Samsung Knox обезбедува целосна заштита на вашите податоци и приватност. Системот овозможува и заклучување на чувствителни информации, што го прави Galaxy S25 Ultra безбеден и сигурен во секоја ситуација.

Иако Galaxy S25 Ultra е тенок и елегантен, батеријата со голем капацитет овозможува целодневна употреба. Супер брзото и високоватовното полнење го намалува времето на чекање, овозможувајќи ви да го користите вашиот уред без прекини.

Достапен во прекрасни софистицирани бои, Galaxy S25 Ultra се вклопува во вашиоти личен стил и израз. Титаниум сребрено-сина, титаниум црна, титаниум бело-сребрена и титаниум сива – секоја боја го отсликува вашиот индивидуален стил, правејќи го уредот не само функционален, туку и визуелно привлечен.

Galaxy S25 Ultra е повеќе од обичен смартфон. Тој е паметен партнер кој ги комбинира елеганцијата, издржливоста и интелигентните перформанси за да ви овозможи да го доживеете идниот мобилен свет денес. Ако барате уред кој го носи дигиталниот живот на ново ниво, Galaxy S25 Ultra е вистинскиот избор за вас.

пр објава