Шок исповед: Поранешна соработничка го откри вистинското лице на Драгана Мирковиќ
На површина излезе вистината за Драгана Мирковиќ
Таа со години важи за една од најпочитуваните и најомилените личности на естрадата на шоубизот, но секогаш се поставуваа прашања - дали Драгана Мирковиќ навистина е толку љубезна и скромна како што се покажува во јавноста? Вистината за Драгана Мирковиќ излезе на виделина кога нејзина поранешна соработничка реши да ги разјасни сите дилеми и да открие се‘ за популарната пејачка.
– Сум имала можност да се сретнам и да соработувам со многу јавни личности и можам да кажам дека сè што блеска не е злато. Само четири луѓе од српската забавна сцена – без разлика дали се актери, пејачи, водители или режисери – се навистина многу пристапни и топли кон публиката – ја започна приказната оваа госпоѓа и додаде:
– На прво место е Драгана Мирковиќ, која ја запознав во 2014 година во РТС кога работевме на проект. Жената е толку љубезна и прекрасна, навистина немам ништо друго освен пофалби за неа – истакна на социјалната мрежа ТикТок поранешната соработничка на фолк ѕвездата.
Нејзините зборови брзо предизвикаа реакции, а многу фанови со олеснување ја прифатија потврдата дека насмевката на Драгана Мирковиќ која со години ги освојува срцата на публиката е сосема искрена и автентична.
Драгана Мирковиќ не е само голема музичка ѕвезда – таа е и личност која луѓето ја сакаат поради нејзината искрена добрина и топлина. Каде и да се појави остава белег со својата љубезност и пристапност, а тоа го потврдуваат не само оние кои имале можност да ја запознаат, туку и мештаните од нејзиниот роден град Касидол, кои за неа немаат ништо друго освен пофални зборови. Без разлика дали е во големите концертни сали или во нејзиниот роден град, Драгана останува истата девојка со широка насмевка, големо срце и непроменета скромност - токму затоа публиката безусловно ја сака со децении.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: ТикТок