Дури и најблиските не би ја препознале: Го намалила носот, ги зголемила усните... Дара Бубамара со фотошоп си го променила личниот опис

Дара Бубамара повторно си поигра со фотошопирање на своите фотографии, но овој пат до степен на непрепознатливост. Не е прв пат пејачката да користи алатки за да го промени својот личен опис, но овој пат навистина претерала, толку многу што е под знак прашалник дали и нејзините најблиски пријатели би ја препознале.
Погледнете:
Фолкерката толку многу се промени што Дара во живо и Дара на Инстаграм се две различни личности. Користела апликација за уредување фотографии за да го намали носот, да ја зголеми устата, да ги зголеми очите, да ги измазнува брчките, да ги зголеми јаготките и да го стесни лицето, така што повеќе нема потреба да оди кај пластичен хирург. За да изгледа како сликата што ја објавила, потребни се месеци лежење во болница за естетска хирургија, а тоа „чини многу“, што би рекла Дара.
И покрај тоа што на социјалните мрежи ја критикуваат дека нема граници, Дара Бубамара сепак не се откажува од желбата да се претстави во „подобро светло“.
Инаку, Дара, која неодамна повторно ги оперираше градите, престојува во Дубаи, а покрај фотошопираното лице го покажа и луксузот во кој ужива.
Фото: инстаграм/ Youtube - screenshoot