Актуелно // Жолта минута
Северина ги „запали социјалните мрежи“ во боксерскиот ринг: „Совршено градена, силна жена“

Сигурно е дека во регионот нема ѕвезда како Северина.
Популарната пејачка редовно ги радува своите фанови со нови фотографии и споделување на нејзините интереси и хоби.
Сега таа предизвика големо внимание со серија фотографии на кои позира во боксерски ринг.
„Ја мразев секоја минута од мојот тренинг, но си реков: Не се откажувај... Страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион“, напиша таа во својата објава, цитирајќи го познатиот боксер Мухамед Али.
„Убава фотогенична жена, совршено градена, со совршен стил и силна“, „Дали е можно оваа жена да има 53 години“, „Браво Северина, убаво изгледаш“, се само дел од коментарите на верните фанови воодушевени од ова издание на Северина.
Извор: Radiosarajevo.ba