„Имав 15 години и бев со професор по математика“: Весна Змијанац проговори за љубовниот живот и ги шокираше сите
Пејачката Весна Змијанац беше една од најубавите жени во Југославија, а нејзиниот љубовен живот отсекогаш ја интересирала јавноста.
Весна во својата автобиографија „Kad zamirisu jorgovani (Кога мирисаат јоргованите)“ откри непознати детали од нејзиниот приватен живот, а признала и дека на 15 години била во врска со професор по математика.
-Тоа прво љубовно искуство беше некако избрзано, забрзано, не многу имагинативно, лишено од некаква посебност или празнично расположение. Не многу болно, но во грч - го раскажала настанот Весна, која тогаш учела во Австрија кога живеела со мајка ѝ, а врската со професорот настанала кога се вратила во Србија.
Весна истакна дека ниту разликата во години не била пречка.
- Кога завршив основно училиште, се преселив да живеам кај мајка ми Ковина во Виена, но пред тоа веќе бев во врска со професор по математика. Меѓутоа, кога дојдов во Краљево на распуст по завршувањето на првата година од средното образование, нашата врска навистина стана она што е врска, љубовна врска помеѓу двајца луѓе. Сите пречки беа отстранети. Веќе не бев негова ученичка, и иако бев малолетна, веќе изгледав малку постара од мојата возраст. Разликата во години исто така не беше пречка. Барем не за мене. Ми требаше некој постар, некој во кој, без да знам, всушност барав татко. Најпрво ми пречеше тоа што тој е човек кој ме познава буквално од мала, што ме испрашуваше и ме оценуваше бидејќи беше мој професор, но близината си го направи своето, а неговиот договор да ја објави врската јавно (шетавме фатени за рака) ми отстрани секаква нелагодност – рече таа и додаде:
- Претпоставувам дека така требало да биде, со оглед на сите работи. Јас кажувам сè, а мислам на времето (првиот мрак), на местото (шеталиштето покрај реката Ибар) и на нас учесниците. И толку од тоа – детално го опишала својот однос со професорот. Тоа се случи уште двапати за време на мојот одмор, секогаш под приближно исти околности и со речиси ист краен резултат и чувство. Не беше болно, далеку од тоа, но некако премногу обично.
Фото: Youtube - screenshoot