Откриен полот на бебето на Пријовиќ: Пејачката е пресреќна, а дали ѝ се исполни желбата?

Медиумите на почетокот на годината објавија дека на крајот на летото семејството Живојиновиќ ќе се збогати со уште едно дете, кое сите со нетрпение го очекуваа.
Оттогаш се шпекулира за полот на бебето на Александра Пријовиќ, а се чини дека на тие шпекулации им дојде крајот бидејќи пејачката направила пренатален тест кој открил дека се‘ е во ред со плодот, но и кој наскоро ќе им се придружи.
Според тамошните медиуми, иако се‘ уште нема официјална потврда од семејниот дом на пејачката, извори блиски до Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип откриле дека за неколку месеци на нивното семејство ќе му се придружи слатко девојче.
Очигледно никој не е посреќен од пејачката која секогаш нагласувала дека по синот Александар сака да има и девојче кое сите сигурно ќе го разгалат.
Лепа Брена пред неколку дена за хрватските медиуми проговори за приновата во семејството, меѓу редови откривајќи дека доаѓа девојче:
- Секогаш велам дека овде секогаш се раѓаат момчиња, но имам интуиција, која ми кажува дека постои можност да имаме слатко девојче - изјави пејачката за „ЕкстраФМ“.
Да потсетиме дека Александра неодамна им откри на медиумите дека сака девојче.
- Би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и се‘ да биде како што треба. Но, кога би можела да бирам, би сакала девојче“, искрено изјави тогаш Александра.
Полот на бебето на Александра Пријовиќ ги воодушеви сите членови на семејството и пријателите кои се радуваа на нејзината среќа, но она што е интересно е што Аки потајно посакал помал брат.
Фото: Youtube - screenshoot