Конечно добри вести: По шест месеци молк ќерката на Саша Поповиќ навести дека животот се враќа во нормала

Ќерката на Саша Поповиќ се огласи по неколкумесечен молк
Веќе неколку месеци малку се знае за здравјето на креативниот директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ. Пријателите, блиските соработници и семејството засега не откриваат детали, а единствено познато е дека Поповиќ се опоравува во својот дом опкружен со најблиските пријатели.
Неговите колеги тврдат дека тој се‘ уште е свесен за сите случувања и дека наскоро ќе се врати во студио. Водителот Воја Недељковиќ за Информер откри дека последен пат се слушнал со Саша околу празниците и дека постои можност повторно да се приклучи на снимањето на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
– Саша наскоро треба да се врати на снимањето, ги имам тие информации. ПР-службата на Гранд најверојатно ќе објави кога Поповиќ и официјално ќе почне со снимање - изјави водителот.
И покрај бројните шпекулации, сопругата на Саша Поповиќ, Сузана, синот Данијел и ќерката Александра, ниту ја потврдија ниту ја демантираат информацијата која стигна до медиумите, а се чини дека болеста на Саша не ги вознемири, туку нашле сила да продолжат, потпирајќи се еден на друг.
Ќерката на Саша Поповиќ и Сузана Јовановиќ не е често активна на социјалните мрежи. Ретко и најчесто зборува за важни работи, а така беше и овој пат.
Имено, по шест месеци откако нејзиниот татко не беше виден во јавноста, Александра објави фотографија од кино, во пресрет на Денот на вљубените, откри дека го гледала филмот „Капетан Америка“ кој неодамна пристигна во кината ширум светот. Не е познато со кого Александра го гледала овој филм.
Саша Поповиќ неколку пати во домашната јавност проговори за тоа дека кога бил помлад отишол да ја види познатата јасновитка Баба Ванѓа. Разговарал со неа на бројни теми, а како што рекол Поповиќ, таа дури му кажала како ќе му заврши животот.
– Кажа работи за кои јас и Брена мислевме дека нема шанси да се случат, а тоа е дека „Slatki greh“ ќе се распадне! Таа ми кажа дека во 47 или 48 година ќе станам одличен режисер и ќе ја имам целата забавна индустрија пред моите нозе. Ја прашав и кога ќе се оженам, бидејќи се женев веднаш штом се вратив од турнеја. Таа рече дека нема да се оженам барем во следните шест години. Ме интересираше и колку ќе живеам. „Ќе умреш на 86 години, нема да те убијат, ниту ќе те повреди какво било оружје. Ќе заспиеш и нема да се разбудиш - јасно се сеќавам на нејзините зборови - нагласи тогаш Поповиќ.
Фото: Youtube - screenshoot
Извор: светскандал