„Како мајка и син“: Најчудниот пар во Холивуд повторно шокира - нивната снимка од премиерата на филмот стана вирална
Кога првпат се појавија гласини дека Кајли Џенер и Тимоти Шаламе се во врска, многумина мислеа дека тоа е лоша шега.
Додека Кајли е синоним за гламур, луксуз и индустрија за убавина, Тимоти се смета за уметничка душа на Холивуд - интровертен актер со талент кој освојува филмски награди.
Комбинацијата на овие два света изгледаше толку неспоиво што јавноста веднаш ги нарече „најчудната двојка во Холивуд“.
Сепак, иако никој не ги очекуваше заедно, тие сега станаа вистинска атракција каде и да се појават – а нивното последно појавување на црвениот тепих повторно предизвика бура од коментари.
Тимоти во петокот вечерта присуствуваше на премиерата на неговиот филм „A Complete Unknown“ на 75. фестивал на Берлин, но покрај актерскиот талент, шоуто го украде и неговиот моден избор - наместо класичен свечен костум, тој се одлучи за сосема лежерна комбинација: розов дуксер, елек, тренерки и чизми во ист тон.
Како тоа да не беше доволно шокантно, тој во еден момент го соблече дуксерот и во маичка прошета по црвениот тепих, што предизвика лавина од коментари.
Но, она што следеше по црвениот тепих беше уште поинтригантно. Во ВИП делот на настанот, Тимоти седна до Кајли, а видеата од нив двајца набрзо ги преплавија социјалните мрежи.
Во еден момент тој нежно ја стави раката на нејзината нога, додека таа возврати со галење по лицето, гледајќи го со насмевка.
Овие сцени предизвикаа лавина реакции - некои нивниот гест го нарекоа романтичен, додека други мислеа дека изгледаат „бизарно“ и ги споредија со „горда мајка и син тинејџер“.
Интернетот брзо се подели на табори – додека некои ја бранат ова необична врска и тврдат дека се „совршено несовршена двојка“, други не можат, а да не почувствуваат дека нивната хемија е едноставно чудна.
„Ова изгледа како сцена од семеен филм, а не како страсна романса“, напиша еден корисник на Твитер, додека други коментираат дека Тимоти изгледа како изгубен тинејџер во прегратките на постара жена.
Без разлика на коментарите, едно е сигурно – Кајли и Тимоти знаат да бидат во центарот на вниманието.
Нивната врска можеби не е класична, но очигледно не се засегнати од коментарите, а нивното следно заедничко излегување сигурно повторно ќе ги запали социјалните мрежи.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: ТикТок