Влегов во погрешно такси и го сретнав Адам: Јелена Лабунски раскажува за првата средба со пејачот и за мајчинството

ФОТО: Приватна архива
Адам и Јелена Лабунски имаат долга, интересна и убава љубовна приказна.
Веќе три месеци уживаат во најубавата животна улога. Во ноември станаа родители на Хана која е круна на нивната искрена љубов.
-Јас сум добро, одлично се чувствувам, баш како што замислив, среќна и исполнета-изјави Јелена за Женски магазин.
Вели дека Хана е мирно и слатко бебе.
„Таа е многу мила. Сака да ја носат, да гледа наоколу и да слуша. Од самиот почеток одлично се согласувавме и веќе се навикнавме една на друга. Што се однесува до спиењето, Хана спие добро, се адаптиравме, па кога спие имаме време да се одмориме и да ги завршиме другите задачи“ ни открива оваа тазе мајка.
Стартот со новороденче секогаш е напорен, носи големи животни промени. а се променил и животот на Јелена.
„Откако станав мајка мојот живот се промени многу, ја гледам Хана и се прашувам за што сум живеела пред неа. Да се биде мајка е најдоброто чувство на светот!“ - додава.
Во обврските околу Хана секако помага и пејачот.
Јелена вели дека Адам е одличен татко и прекрасен сопруг.
„Што се однесува до помагањето, заедно учествуваме во сѐ и уживаме“- посочува понежната половина на пејачот.
Адам и Јелена се запознале во такси, буквално.
„Нашата прва средба се случи на плажата во Сремска Митровица, каде што живеам. Чекав такси и мислејќи дека возилото што застана до мене е мое, почнав да влегувам, во тој момент тој излегуваше од него и тогаш се сретнавме за прв пат. После тоа почнавме да се допишуваме, па да се запознаваме. Доста се зближивме и можам да ви кажам дека Адам е моја машка верзија. Откако се запознавме, започнавме сериозна врска и се случи љубов, а потоа круна на нашата љубов беше Хана!“ - ни ја раскажа накратко и нивната прва средба Јелена.
Јелена се грижи и за нејзиниот изглед, внимава на исхраната, а наскоро вели дека и ќе почне да вежба.
Ирена Ставрова