Зошто самите себе си се саботирате? Психологот Лабковски објасни зошто секогаш ве боли стомакот кога чекорите кон успехот

Добивај вести на Viber

Рускиот психолог Михаил Лабковски објасни зошто се плашите од сопствениот успех и се саботирате

Понекогаш во животот сè ви оди на најдобар можен начин. И тогаш одеднаш, во последен момент, го уништувате најдоброто и најубавото нешто. И тоа сами. А, од каде кај нас таа програма на „лична катастрофа“ и како да ја промениме – со ова се занимава Михаил Лабковски, популарен руски психолог и дава совети како да престанете да се саботирате.

„Одземете ми го овој успех сега!„

„Млада жена ја освоила првата награда на конкурсот за млади архитекти - прочитала мејл со добри вести, ги прочитала честитките на колегите и отишла во кафуле да здивне. Ја ставила чантата на соседното столче. Го испила кафето и заминала без неа. Имала кредитни картички, iPhone, парфем и пасош во нејзината чанта. Се јавила во кафулето, но чантата не е пронајдена. Нејзиниот тримфален ден се уништил со губење на чантата. А на сите кои ѝ честитале им раскажала како успеала да го напушти кафулето без нејзината чанта, што е речиси незамисливо за една жена. Вечерта ѝ се јавила некоја жена и ѝ рекла дека пасошот и е пронајден на улица. Имала лошо чувство како губењето на чантата да го избришало целиот ефект од нејзиниот неверојатен успех.

Доцнела на доделувањето, а потоа се обидела да го откаже учеството на прославата со изговор дека ја боли стомакот“, илустрира Лабковски пример за самосаботажа.

Самосаботажа како начин да се заштитите од новото

Американскиот научник Бенџамин Френклин еднаш рече: „Успехот уништи многу луѓе“. Лабковски вели дека Френклин бил во право и додава: „Успехот ни задава многу маки бидејќи ни ги менува животите“.

А ако се плашите од промени затоа што не сте сигурни во себе, тогаш долгоочекуваниот успех нема да ви донесе радост. Особено ако во детството сте биле убедени дека не е добро да го подигате вратот, да привлекувате внимание, да се фалите, туку дека треба да бидете скромни: секогаш ќе има некој попаметен и посилен од вас, смета Лабковски.

Победивте на натпреварот и се најдовте на врвот, каде што будите љубомора и завист кај колегите, каде што треба да го потврдите своето достигнување, да го спроведете и да поминете многу време надвор од дома. Страшно е затоа што во вас живее мало сиво глувче. И тоа не сака да ја извадите главата, вели опсервацијата на популарниот руски психолог.

Тој вели дека понекогаш улогата на набљудувач е поудобна од улогата на победник: нема одговорност. И ништо не треба да се менува. „Саботерите“ со својот ум разбираат: „Победата е голема! Се стремат кон успехот и штом стигнат таму, потсвеста вреска: „Јас не сакам да бидам на сонце, сакам да седам во темница“ и го сепнува човекот – го тера да ја заборави чантата во кафулето, да закасни на церемонијата, да лаже за болки во стомакот. И бара да изгледа се‘ како порано – мало и беспомошно. Да живее како што било пред тоа.

Не се предавајте на вашите стравови

„Нормално е да чувствувате страв кога ќе излезете од вашата комфорна зона. Не е нормално да го слушате. Тој е како терорист, ако му се предадете, тој освојува се‘ повеќе и повеќе територии. Затоа треба да се присилувате гласно да се радувате на секој успех, да се ослободите од нападот на „лажната скромност“ и да им кажете на сите пријатели за вашиот успех, да ги прифатите честитките, да го поделите успехот со другите и да го прекинете повлекувањето.

Играјте од радост - и за неколку часа или денови ќе почнете да го доживувате тоа. Стравот потоа се претвора во пријатна возбуда и исчекување на нешто ново“, заклучува Лабковски.


Фото: Youtube - screenshoot/ freepik