„Ако родиш женско дете, не се враќај дома!“: Ѝ рекол сопругот на сопругата, а кога се породила, занемел од шок и ги „проголтнал“ зборовите

Добивај вести на Viber

Мухамед Демировиќ раскажал поучна приказна и така објаснил зошто не треба да е важно од кој пол ќе биде детето

Имамот-хатиб Мухамед Демировиќ преку вистинска случка објасни дека Господ е тој кој го одредува полот на нечие дете и дека најважно е тоа да биде здраво и плодно.

„Еден брачен пар имал три деца, а сите три биле ќерки. Жената повторно била бремена, а мажот бил толку заситен од женските деца - што повеќе не сакал женски деца. Тој ѝ рекол на својата сопруга: „Ако родиш женско дете, не се враќај дома од болница“. Жената повторно родила ќерка. Била толку тажна и плачела што не можела да каже ниту збор. Меѓутоа, докторот кој бил таму до неа очигледно бил мудар. Бил зачуден -  секоја мајка е пресреќна кога ќе го прегрне своето дете и покрај маките на породувањето. Сепак, жената била неутешна. Жената едвај собрала сила и му рекла на докторот: „Оваа моја ќерка е повод за развод од мојот сопруг. Тој ми рече ако родам женско дете да не се враќам дома“, раскажа Демировиќ и додаде:

„Докторот го побарал телефонскиот број на нејзиниот сопруг, му се јавил и му честитал - „Честитки, имаш син“. Тој пресреќен истрчал да го види синот. Во меѓувреме имало уште породувања, а едно од новороденчињата било со деформитет и тоа дете му го покажал на сопругот како негово, па доктор го зграпчил за рамо и рекол „Спушти го тоа бебе“ и му ја покажал ќерката и му рекол „Ова е твоето дете што го доби“. Тоа било доволно за него како мотив и потсетник да ја прегрне ќерка си и да ја фати за рака сопругата со љубов и да се врати во својот дом“.

„Господ е тој кој одлучува, но понекогаш едно женско дете може да биде покорисно за родителот отколку три или пет машки деца. Поентата не е дали е машко или женско, поентата е дека тоа треба да биде среќно и плодно и корисно за заедницата“, заклучува Мухамед Демировиќ.


Фото: Фејсбук - screenshoot - Видео