Сара мирно спиела, па се разбудила со црвени пликови: Кога дознала што ја каснало, не можела да се соземе

Добивај вести на Viber

Таа ги предупредува луѓето темелно да го проверат мебелот во собите кои ги изнајмуваат

Сара Лупкер, од Чикаго тврди дека имала трауматично искуство во собата која ја изнајмила и ги повикува другите да внимаваат.

Таа преку AirBnB си резервирала соба за моментално престојување, што изгледала убава и чиста. Меѓутоа, кога се разбудила следниот ден, забележала бројни каснувања на нејзината кожа.

Сара тврди дека пред спиење ги подигнала чаршафите и погледнала по сите агли за да провери дали во собата има бубачки. Се чинело дека се‘ е во ред, па отишла да спие.

Црвените траги ги припишала на каснувања од комарци, но како што минувало времето нивниот број се зголемувал, пренесува In The KNOW.

„На секои пет минути забележував ново каснување“, објасни таа во видеото на TikTok.

Според експертите, каснувањето од креветни бубачки или грини изгледа слично на каснувањето од комарец, но може да се појави со 14 дена доцнење.


Заедно со нејзината пријателка се вратила во сместувањето за да провери уште еднаш. На крајот, тврди таа, нашле бубачки во креветот, односно грини.

„Пет-шест дена откако ги забележав каснувањата, црвенилото се зголеми. Имав ужасна главоболка и телото болно ме чеша. Добивме рефундирање, што малку ја олесни ситуацијата“, откри Сара.

Таа ги предупредува луѓето темелно да ги проверат имотите за изнајмување за да избегнат проблеми со бубачки, кои според нејзиното искуство се многу непријатни.


Фото и Видео: ТикТок