Канје Вест и Бјанка Цензори се разведуваат!? 11 дена откако направија скандал на Греми
Бјанка Ценсори и Канје Вест одлучија официјално да се разведат, тврди извор близок до парот. Причината за разводот на Бјанка е тоа што однесувањето на Канје е шокантно.
Само 11 дена по доделувањето на Греми, каде славниот пар ги шокираше сите со своето присуство и кога Бјанка Ценсори на инсистирање на нејзиниот сопруг се соблече пред сите - парот се раздели.
Извор близок до Бјанка и Канје вели дека сега дефинитивно е готово и дека разводот е само прашање на време.
Имено, Бјанка се згрози од изјавата на Канје дека ги поддржува нацистите и Хитлер, која ја објави на социјалната мрежа Х.
По ова Бјанка го напуштила, а се верува дека Канје Вест ќе се врати во Јапонија каде што живее во хотел во последните неколку месеци.
И додека гласините за разводот на Бјанка и Канје се се‘ погласни и поизвесни, Канје се огласи на Инстаграм со следнава порака:
„Да, принудата е незаконска. Принудата е чин на принудување некого да направи нешто против нивна волја преку закани или заплашување. Ова може да вклучи физичка повреда, психичко малтретирање, изнуда, уцена или сексуален напад“, напиша тој.
По само неколку минути пораката е избришана, но интернет памети се‘, па дури и тоа.
Сомнежите се дека причината за нивниот развод е тоа што Бјанка не сакала да се соблече пред сите, а Канје ја принудил на тоа велејќи: „Соблечи се, направи скандал, сега“.
Фото: Youtube - screenshoot