Утре го слави својот 74 роденден, а изгледа – како девојка! Познатата актерка изненади шетајќи по пистата во мини фустан ВИДЕО
![](/media/main/2025/02/20250214124546.jpg)
Иако истакна дека е далеку постара и пониска од сите модели на ревијата, прославената актерка откри дека е среќна и возбудена што и е доверена оваа задача и направила феноменална работа.
Познатата британска актерка Џејн Сејмур прошета по пистата на модната недела во Њујорк во пресрет на нејзиниот 74-ти роденден и уште еднаш не потсети зошто е една од најатрактивните актерки на 20 век.
Поранешната „Бонд девојка“ беше модел на изненадување на ревијата на Нардос, а на пистата прошета во црвен мини фустан кој го откриваше едното рамо.
Романтичниот фустан во А линија беше украсен со цветни апликации и детали од тул, а ја истакна витката фигура на актерката.
Џејн Сејмур, која на 15 февруари го слави својот 74-ти роденден, го комплетираше својот изглед со разголени нијанси на салонски чевли кои се украсени со нитни и имаат зашилена форма, што дополнително ги издолжува нејзините нозе. Актерката ја пушти косата, со нејзините препознатливи шишки и минималната шминка која ја истакна нејзината природна убавина.
Таа не криеше дека е возбудена поради новата задача, а на Инстаграм откри како било зад сцената на претставувањето на новата колекција на Нардос.
„Ова ќе биде забавно“, рече Џејн.
– Јас сум значително постара и пониска од другите модели овде, но среќна сум што сум тука – додаде таа.
FOTO: EPA-EFE/SARAH YENESEL