На 14 години позира во костим за капење: Ким Кардашијан објави фотографија од 1994 година
![](/media/main/2025/02/20250214231459.jpg)
Познатата инфлуенсерка и старлета Ким Кардашијан се присети како изгледала во 1994 година, кога имала само 14 години. Таа на Инстаграм објави фотографија на која позира во костим за капење, а набргу по објавувањето доби бројни комплименти од обожавателите и следбениците.
„Убава некогаш, а и сега“, „Ние сме на иста возраст, а јас тогаш се облекував како да работам во канцеларија“, „Ким овде многу личи на нејзиниот татко“, „Една од најубавите жени на светот“, се само дел од коментарите. Имаше и такви кои велеа дека „изгледала поубаво пред бројните пластични операции“, но Ким Кардашијан отсекогаш тврдела дека никогаш не отишла под нож.
Сепак, бројни познати хирурзи тврдат дека на ријалити ѕвездата и биле направени некои зафати, како операција на носот, подигнување на веѓите и вилицата, а долго време се зборувало дека и ставиле импланти во задникот.
Фото: инстаграм/ Youtube - screenshoot