Цеца и нејзините деца останаа без скапоцености кои му припаѓаа на Жељко: Во сѐ била вклучена и полицијата

Добивај вести на Viber

Богатството на Цеца Ражнатовиќ е големо.

Цеца Ражнатовиќ пред дваесет и пет години стана вдовица, а оттогаш доживеа многу тешки денови кои, како што и самата призна, оставиле последици и за неа и за нејзините деца. И додека сите зборуваа за тоа колку се зголемило богатството на Цеца Ражнатовиќ по смртта на Жељко, никој немаше поим низ каков пекол минува фолк дивата.

Покрај тоа што го изгубила сопругот на најлош можен начин и морала да се бори со ужасните слики кои веројатно никогаш нема да може да ги заборави, како и со болката поради губењето на љубовта на својот живот, Цеца со денови морала да дава изјави во полиција. За тоа време се зборуваше кој ќе го наследи богатството на Жељко, дали Цеца ќе го подели со бившите сопруги...

Богатството на Цеца Ражнатовиќ повторно е топ тема

– Наследниот спор се уште трае, не е склучен ниту по повеќе од 12 години – изјави тогаш пејачката.

И додека со години воопшто не сакаше да зборува за тоа, во 2018 година фолк дивата откри дека се уште имало наследен спор за дел од имотот на Жељко.

Иако е очигледно дека вилата на Љутиче Богдана е нејзина сопственост, како и вилата на Кипар, едно нешто што е многу вредно за Цеца е сепак предмет на спор за наследство. Се работи за блиндираниот џип со кој Жељко ја зема Цеца во Житораѓа на денот на свадбата. Иако вредноста на ова возило е голема, за фолк дивата и нејзините деца пред се има емотивна вредност.

Најтешко од се е што возилото се уште е пред куќата на пејачката, но таа ниту може да го вози ниту да го продаде, што секако не би го направила.

– Има паркинг директно спроти куќата каде што се наоѓа ова возило. Таму е донесен откако полицијата извршила детален преглед во 2000 година, кога бил убиен во хотел во Нов Белград. Оттогаш возилото не се поместило.

Можам да ви кажам дека Жељко уживаше во возењето во него. Џипот е блиндиран, а како што можете да видите, обичното стакло е испукано од стоење, иако можеби некој намерно го скршил. Стадионот на Црвена звезда е блиску, има многу навивачи, па кој знае – откри пријател на семејството Ражнатовиќ.