Пред да стане ѕвезда, Александра Пријовиќ имала друг прекар: Но, тој не заживеа во јавноста

Прекарот на Александра Пријовиќ нема никаква врска со нејзиното име.
Пејачката Александра Пријовиќ пред неколку години не можеше да замисли дека толку брзо ќе ја стекне славата што ја има денес. Зад неа се успешни албуми и регионална турнеја каква што немала ниту една млада ѕвезда. Но, патот до сето ова не беше лесен. Пејачката уште од мала почнала да пее со мајка си, па за неа слушнале некои познати музичари, а од еден од нив доаѓа и прекарот на Александра Пријовиќ.
Иако сè изгледа како бајка, убавата Александра не ги постигна сите успеси зад себе само по чиста среќа напротив, зад себе има години и години работа.
Прекарот на Александра Пријовиќ не заживеа во јавноста
На пошироката јавност и стана позната за време на натпреварот во „Ѕвездите на Гранд“, но со пеење почна да се занимава на само четиринаесет години. А, токму тогаш ја забележаа некои познати музичари, меѓу кои и Миќа Николиќ, која потоа и го даде уметничкото име.
Тогашниот прекар на Александра Пријовиќ, на предлог на Миќа, бил Ани Пријовиќ, додека денес често ја нарекуваат Прија, што самата пејачка признава дека воопшто не ѝ се допаѓа.
– Тој прекар ми го даде Миќа Николиќ, кој на 14 години ми направи две песни – изјави еднаш Пријовиќ во емисијата „Амиџи шоу“.