Од Амстердам со љубов и појадок во кревет: Катарина Ивановска со дечкото на патување во земјата на лалињата

Добивај вести на Viber

Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска ужива на патување заедно со нејзиното момче, Стефан Хаџиски со кој е во врска повеќе од една година.

Парот како дестинација за патување го одбрале Амстердам, најголемиот град во земјата на лалињата.

Овој европски град има многу што да понуди. Па така парот не пропуштиле посета во музеј, вечерен разглед на градот со бротче по каналите во срцето на Амстердам кои се заштитени од УНЕСКО, гастрономско уживање кое не смее да се пропушти и секако најпознатата фабрика за пивото – Heineken.

Ивановска е среќна и заљубена, очигледно дека и годи друштвото на нејзиното момче. Но и Стефан знае како да како да ја изненади и чува саканата, појадок во кревет среде Амстердам е еден романтичен гест на кој не можел да одолее македонскиот топ-модел.

Фото: Инстаграм
РЖМ