„Наместо невестински фустан, се одлучив за бело одело“: Елена Ристеска во ретро стил и фризура од ерата на златното доба на Холивуд

Добивај вести на Viber

Повеќе од две децении е на македонската поп сцена. Имаше периоди и на пауза, паузираше од музиката, создаде свој бренд на парфем и друга декоративна козметика. Но секогаш зрачела со женственост, елеганција и префинет стил. 

Елена Ристеска викендов ја истакна нејзината женственост и елеганција во бело-црн костим кој е со совршен крој и интересни детали.

Панталоните дават визуелно подолги нозе со што ја издолжуваат фигурата, а сакото со црна јака и црни копчиња со интересен крој и засеци на половината ја истакнуваат женственоста и силуетата. 

Ретро фризурата за која се одлучил нејзиниот долгогодишен соработник и добар пријател Даниел Николовски направил одличен избор. Досега не сме ја виделе пејачката со ваков тип на фризура, но во целост е одличен избор за да се акцентира се‘ во доза на умереност и префинетост.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм