НЕКОЈ ЈА „КОЧИ“ ОНКОЛОГИЈА: Како ќе успеат плановите за децентрализација и обезбедување опрема и кадри?

Добивај вести на Viber

Нема крај на контрадикторностите за Клиниката за онкологија. Од една страна пофалби дека дури по осум години конечно проработе акцелераторот за онколошките пациенти, а од друга страна тврдења дека Клиниката се распаѓа пред очите на пациентите и медицинскиот персонал.

Од свои извори директно од Клиниката, Фактор дознава дека најголемата кочница во моментов за оваа единствена здравствена институција во земјава за сите пациенти кои се борат со најтешките болести е Министерството за финансии.

Како што брифираат нашите извори, Министерството за финансии не дава пари, однсоно одобрение за нови вработувања до крајот на март, иако претходно на 21 вработен им биле раскинати договорите на дело. Ова го тврдат и самите пациенти, кои велат дека медицинскиот кадар кој е останат таму прави натчовечки напори да им ја обезбеди сета потребна медицинска помош.

Детали на Фактор тука.