Меланија Трамп воодушеви со нов стил: Првата дама на Америка излезе од тајноста, никој не очекуваше ваква промена

Новото модно изненадување на Меланија Трамп!
Меланија Трамп уште еднаш докажа дека е стилска икона, избирајќи софистициран и неочекуван изглед за Денот на вљубените кој го прослави со својот сопруг, поранешниот претседател Доналд Трамп.
Наместо традиционалната црвена боја, таа се одлучи за беспрекорен „цело бел“ стајлинг, кој ја истакна нејзината софистицираност и чувство за мода.
Првата дама на Америка со денови не се појавува во јавност, па огромно внимание привлече нова фотографија објавена на Инстаграм. Меланија блеска во тесно миди здолниште на брендот „Kara Kara“, со интересни детали кои изгледаат крајно романтично.
Здолништето го искомбинирала со соодветна блуза и широк бел ремен кој ја истакнувал нејзината половина, создавајќи совршено избалансиран изглед.
Меланија Трамп постојано го потврдува својот статус на модна икона, а според нејзиниот стилист и дизајнер Ерве Пјер, нејзиниот стил е непогрешливо елегантен дури и кога не е во очите на јавноста. „Секогаш е беспрекорно облечена, дури и кога не е во центарот на вниманието. Нејзината комбинација со потпис се тесни панталони и беспрекорна бела кошула“, открил Пјер.
Според него, Меланија гравитира кон строго скроени парчиња, минималистичка естетика и прецизни линии, наместо кон романтични детали како волан и цветни принтови. "Таа нема да го промени стилот само затоа што започнува нова фаза во животот. Нејзината елеганција лежи во едноставноста и совршените кроеви без непотребни детали".
Иако често се шпекулира за скриени пораки зад нејзиниот моден избор, Пјер тврди дека нема скриена симболика. "Модата често е предмет на анализа, но кога луѓето ја избираат облеката, ретко размислуваат за пораката што ја испраќаат до светот. Истото е случај и со Меланија. Најважно е изгледот да биде соодветен за приликата и беспрекорен, а ако тоа се исполни, мојата работа е завршена“.ФОТО: Инстаграм