Идеалнa за студените денови: Mаскa oд кафе за коса и кожа (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Од популарната утринска напивка можете сами да направите сосема природни и лековити производи за нега на кожа и коса.

Студеното време може да ви ја уништи убавината, а за заштита на лицето и косата од негативните ефекти на ниските температури, кафето може да ви помогне.

Од популарниот утрински пијалок можете сами да направите сосема природни и лековити производи за нега на кожа и коса.

Нега на коса

Маска за лице

За да ја направите оваа маска, ќе треба да вложите малку повеќе труд отколку со нега на коса, а ќе ви бидат потребни следните состојки:

- две лажички мелено кафе

- две лажички какао во прав

- три лажички полномасно млеко или јогурт

- лажичка мед.

Во истиот сад ставете ги горенаведените состојки и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа нанесете ја маската на лицето и нежно масирајте за да поттикнете подобра циркулација. По 15 минути, исплакнете ја маската од лицето со млака вода и нанесете ја омилената хидратантна крема.