Новинарката Александра Спировска по трет пат кажа „да“: Модерна тренди невеста

Добивај вести на Viber

Со црковна церемонија и веселба во ресторан со најблиските овој викенд се омажи новинарката од Македонската Радио Телевизија, Александра Спировска.

Александра љубовта со кошаркарот Милан Димитриевски ја круниса со брак, откако во 2022 година се свршија.

Новинарката објави свадбени фотографии на нејзиниот инстаграм профил и напиша: „Ти ќе бидеш моето засекогаш“.

View this post on Instagram

A post shared by Александра Спировска (@_aleks.mika_)

Александра секогаш привлекува внимание со нејзиниот специфичен и уникатен стил, па така и за овој важен ден во нејзиниот живот изгледаше прекрасно.

Венчаница од тантела, вез и монистра. Венчаницата ја надополнила со сребрени високи потпетици и венче од монистра.

На свадбената веселба, Александра се појавила и во уште еден фустан, комбинација со црно и бело.

Бракот со Милан за неа е трет. Претходно беше во брак со Пере од „Нокаут“ со кого ги има ќерките Миа и Каја, а од вториот брак го има синот Вилен.

Фото: Инстаграм

РЖМ

Таа е мајка на три деца, тој е момче и помлад од неа: Се верија новинарката Александра Спировска и кошаркарот Милан Димитриески