Една од најубавите македонки, сега наставничка, доби од децата еден тон љубов: Неверојатно изненадување од учениците

Добивај вести на Viber

За да работите со деца, треба да ги сакате децата. Откако ќе ја покажете и докажете вашата љубов кон нив, тие (децата) ќе ви вратат тродупло

Поранешната мисица на Македонија, Маја Глигоровска, дамата која со години се занимаваше со манекенство и мода 15  години работи со деца, односно си ја оствари желбата да работи како одделенски наставник.

Таа многупати на разни емисии и во интервјуа истакнала дека ги сака децата и работата со нив, а токму тие ѝ приредија неверојатно изненадување за нејзиниот роденден.

На почетокот на работниот ден на Маја, децата од нејзиниот клас ја пречекаа со честитки, изработен хамер со песничка за неа, срциња, балони, тортичка со свеќа и многу прегратки.

Наставничката Маја, која важи за една од најубавите и најатрактивните наставнички кај нас, очигледно не го очекувало ова иненадување. На видеото кое го сподели на Инстаграм стори таа едвај ги задржа емоциите и се „фрли“ во прегратката на дечињата.

„Сега среќата е целосна. Ве сакам“, напиша Маја, а пак дечињата заедно со другата наставничка Анѓелина изработиле хамер со песничка и цртеж од Маја и роденденска торта:

„Наставничке Маја. Наставничке мила вие имате коса како свила. Вие за нас сте се‘. И смеа и љубов ни дарите. А ние среќен роденден ќе ви кажеме и поклон ќе ви подариме“.

Најубавото изненадување очигледно Маја за роденденот го добила од дечињата, а за фановите на Инстаграм оваа дама која има над 27.000 следбеници на ова социјална мрежа сподели и фотосесија за нејзиниот 43 роденден.


Р.Ж.М.

Фото: инстаграм