„Спојката на овие два дела од мојот живот го прават преубав“: Јелена Спенџарска со објава за 2 години од преселувањето во Солун

Водителката сподели дека вчера бил важен ден за неа
Јелена Спенџарска, повеќе од 2 години ужива во љубовта со Лукас, Грк кој живее во Солун. На почетокот на нивната врска, како што многупати таа објавила и споделила постојано и двајцата биле на релација Скопје-Солун/Солун-Скопје. А пред две години и официјално водителката на утринската програма на Канал 5 Тв се пресели да живее со нејзиното момче во Солун.
„На овој ден пред точно 2 години официјално се преселив во Солун и тоа ми беше една од моите успешни манифестации(партнерот беше плус). Се‘ уште патувам постојано застоа што работниот дел од животот ми е овде, а без тоа стварно не можам. И често луѓе ме прашуваат како не ми здосади по патиштата, а како да објаснам дека овој баланс меѓу работата и задоволството ми е преубав. Јас во Солун што правам: шопингувам, трчам или читам книги покрај море, исто сум на кафиња покрај море, со Лукас шетаме секое негово слободно време - тоа ми е таму работа (поголем дел од времето). Работата тука ми е поинаква, ТВ, луѓе, снимања, снимања за социјалните мрежи, настани, средби со луѓе за проекти или за кампањи.... не е лошо ни тоа. И спојката на овие два дела од мојот живот го прават преубав.
Водителката, која работи и е позната како и инфлуенсер неодамна преку поткастот на Женски магазин, „Кажи Шифра“, откри многу детали за себе, за нејзината промена откако се преселила да живее покрај море, но сподели и детали за нејзината врска.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм