Една е сестра: Адријана Јаневска горда на нашата оперска пејачка Николина

Добивај вести на Viber

Една е сестра

Во домот и пошироката фамилија на пејачката, виолинистка и професор на Факултетот за музичка уметност Андријана Јаневска има повеќе музичари, уметници. Таа е одлична пејачка, со нејзиниот глас и стас отпеала безвременски хитови, маж ѝ исто така е истакнат музичар, а афинитети кон музиката покажале и нејзините синови. Но, и сестрата на Андријана е позната и успешна дама која е во светот на музиката и уметниците. Николина Јаневска е помалата сестра на пејачката и е наша позната оперска певица.

На едно дело отпеано викендов од Николина, е особено горда Андријана, па тоа го сподели на своите социјални мрежи, но го пофали и останатиот дел од целата екипа:

„Горда на мојата сестра Николина Јаневска која во саботата настапи во улогата на Кармен во истоимената опера! 

Честитки до моите најпочитувани колеги од оркестарот и хорот на Македонската опера и балет, како и до сите солисти, детскиот хор Пиколо и останатите учесници!

Огромно браво и до маестро Gianluca Martinenghi кој од оваа година е и шеф диригент на МОБ. Да ви се множат успешни претстави, драги колеги!“


Р.Ж.М

Фото: Женски магазин - архива/ Фејсбук