Илина и Ева освоија злато и сребро! Македонските девојчиња редат успеси во Германија (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Македонските девојчиња Илина(18) и Ева(15) Соколовски повторно се закирија со злато и сребро на натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија...

Илина освои злато, додека Ева сребро на традиционалниот натпревар, што се одржаа во Гутерслох пред две недели и се квалификуваа нa републичкиот натпревар, што пред неколку дена се одржа во Боркен, каде Илина освои сребро, а Ева со тимот го освои првото место. Двете од овој натпревар се квалификуваа на големото германско финале, кое ќе се одржи во Лајпцих во мај.

Но, последните информации кои доаѓаат од Германија се дека Илина викендов повторно освои злато, односно победи на традиционалнио куп турнир во Бохум.

Витрините на овие две талентирани девојчиња се полни со пехари и медаљи иако со своите 18 години Илина веќе се натпреварува во сениорка конкуренција, додека Ева е во јуниорската конкуренција со најдобрите 35 гимнастичарки во Германија.

Талентот на Илина и Ева веќе одамна не само што ги помина границите на Германија, туку и Македонија, бидејќи и двете се веќе дел од многу интернационални натпревари. Ева не само што се натпреварува сама и постигнува успеси, туку се натпреварува и во група каде што се мајсторки на Северна Вествалија, го освоија првото место и со својот клуб ќе ја преставуват Републиката на големото финале, кое ќе се одржи во Лајпцих.

И Ева и Илина веќе се репрезентативки на Федерацијата на гимнастика на Македонија, а членки се и на гимнастичкиот клуб „Партизан“ од Битола.

Илина, пак, ќе ја претставува Македонија на Европскиот куп, кој ќе се одржи во Баку, Азербеџан, од 1 до 4 мај. Конкуренцијата на овој куп е многу силна, па затоа Илина од 20 април заминува на подготовки во Азербеџан.

-Ништо не е тешко кога се претставува државата. Пресреќна сум што на овој интернационален натпревар ќе го веам македонското знаме, ни рече Илина.

Погледнете го настапот на Илина, се натпреварува на песната „Кога паднав на Пирина“: