Мистериозното исчезнување на Дуња, наликува на она на малата Данка! Игор Јуриќ призна: Ова е најголемиот проблем!

Дуња Марковиќ (2) рано утрово е пронајдена по целоноќна потрага, а за среќа девојчето е живо и се лекува во болница во Ваљево.
Игор Јуриќ, претседател на Центарот за исчезнати и малтретирани деца, се огласи во оваа прилика и истакна дека е задоволен од веста, додавајќи дека доцното пријавување на исчезнувањето ја отежнува потрагата.
„Најголем проблем всушност беше што девојчето исчезнало околу 14 часот, а пријавата за исчезнато лице била поднесена во полиција дури околу 18 часот. Тоа е долг период кога зборуваме за двегодишно дете“, рече Јуриќ и додаде дека во 18 часот добил информација за активирање на системот „Најди ме“ со сите податоци за Дуња Марковиќ:
„Ми беше многу тешко бидејќи овој случај потсетуваше на случајот од Бор – возраста на детето, околината во која исчезна, мистериозното исчезнување. Цела ноќ чекав информација од МВР дека детето е пронајдено. Утрово се разбудив и немав вести, што ме исплаши“ - изјави Јуриќ.
„Утрово кога се разбудив и станав и ја видов веста... Ова е за мене е... не знам, во моментов сум многу емотивен“ - додаде Јуриќ за Блиц.
Дуња Марковиќ (2) за потсетување исчезна вчера во Уб, а системот „Најди ме“ беше активиран откако беше пријавена за исчезната. Потрагата по неа траела до доцна во ноќта, а продолжила утрово во шест часот. Дуња била пронајдена нешто по седум часот, кога куче трагач го пронашло.
Фото: Социјални мрежиИзвор: Informer.rs