СЕ БЛИЖИ ДЕНОТ НА ЖЕНАТА: Какво цвеќе најчесто се купува за 8-ми март и по која цена?

Добивај вести на Viber

Се наближува 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената, а по тој повод се подарува и цвеќе на припадничките на понежниот пол. Дел од цвеќарниците сега ги нарачуваат количините цвеќе за празникот, но останува праксата од претходните години, дека најевтин е каранфилот, кој во внатрешноста може да се најде за 50 или 60 денари, а во главниот град е од 100 денари па нагоре, додека розите се најбарани и тие ќе чинат по 200 или 250 денари.

Најбарана и најскапа за разлика од другите рози е црвената. Но, луѓето имаат навика да купуваат и саксиско цвеќе. Генерално, луѓето имаат скромен буџет и се трудат да купат поевтино цвеќе.

„Розите ќе чинат од 200 до 250 денари. Обично луѓето купуваат по една роза. Каранфилите се поевтини, по 100 до 150 денари, но розите се најпопуларни“, објаснуваат од скопска цвеќарница.

Посебно жените се информирани околу различните видови на цвеќе и се трудат да добијат максимум за парите кои ќе ги потрошат, односно ако земаат цвеќе во саксија веќе знаат колку време истото ќе го краси домот. Повеќе на фактор.мк