„Чудесно зачнување“: Забременила без да биде интимна, немала вагинален отвор, а лекарите објаснија како е можно ова

Добивај вести на Viber

Лекарите забележале уникатен случај на тинејџерка која забременила од орален секс низ бизарна серија настани.

Неименувана 15-годишна девојка од Лесото, во јужна Африка, посетила болница жалејќи се на болки во стомакот, само за тестовите да покажат дека е бремена во деветтиот месец и дека ќе се породи.

Лекарите биле шокирани кога откриле дека девојчето немало вагинален отвор, редок вроден дефект наречен дистална вагинална атрезија за кој научниците проценуваат дека влијае само на едно од 4.000 до 10.000 новородени девојчиња.

Ова, во принцип, требаше да ја спречи тинејџерката да забремени без помош на технологии како што е ин витро оплодување (ИВФ).

Оваа состојба, исто така, и оневозможила да се породи вагинално, а нејзиниот син морал да се роди со царски рез.

Збунетите лекари го испрашувале девојчето како останала бремена и на крајот дознале дека девет месеци претходно била хоспитализирана поради убодна рана во пределот на стомакот веднаш по оралниот секс.


На медицинската сестра и рекла дека нејзиниот поранешен ја нападнал кога ја затекнал како врши сексуален чин врз нејзиното ново момче.

Лекарите, пишува во Британскиот Журнал за акушерство и гинекологија, велат дека тоа ги навело да заклучат дека спермата што ја проголтала преку овие пункции патувала до нејзините репродуктивни органи од нејзиниот стомак, што довело до зачнување.

Но, сè уште недостасувало едно парче од сложувалката.

Киселината која се наоѓа во дигестивниот систем, која ја разградува храната на хранливи материи за телото, обично е доволно моќна за лесно да ја убие спермата.

Сепак, лекарите веруваат дека спермата можеби успеала да преживее бидејќи девојката била неухранета во моментот на прободувањето.

Тие објаснија дека неухранетоста може да ја намали киселоста на дигестивниот систем и дека тоа создава бизарна можност проголтаната сперма да стигне до матката преку раната од ножот.

Лекарите рекоа дека последниот доказ кој помогнал да се исклучи она што тие го нарекоа „чудесно зачнување“ е дека момчето, родено со тежина од 2,8 килограми, пораснало за да личи на неговиот татко, човекот со кој таа била интимна пред нападот.

Понатамошните интервјуа со девојката открија дека таа била свесна дека нема вагина по „разочарувачките обиди за конвенционален секс“ и дека поради тоа претпочитала орален секс.

Таа изјавила и дека со месеци пред породувањето била загрижена за зголемениот стомак, но, со оглед на тоа што немала вагина, „не верувала дека е бремена“, пишува Дејли Меил, а пренесува Ona.rs.


FOTO: Freepik