Почина легендарниот Саша Поповиќ
Веста дека почина Саша Поповиќ ја објави Гранд продукција.
„Со голема тага ја известуваме јавноста дека денеска по кратко и тешко боледување почина Александар Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција“, се вели во соопштението.
Александар Саша Поповиќ е роден на 24 април 1954 година во Нови Сад.
Низ децениската работа, тој беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера.
Неговата енергија, посветеност и креативност ќе живеат засекогаш преку песните, уметниците, емисиите и сето она што тој го создал. Наследството што го остави зад себе е немерливо и го одбележа времето во кое живеел.
Освен што беше визионер, Саша Поповиќ беше и семеен човек, сопруг и татко, кој својата најголема среќа ја наоѓаше во кругот на најблиските. Во брак со Сузана, со која сподели долгогодишна љубов и поддршка, ги одгледа своите деца Александра и Даниел, на кои им беше огромна потпора и столб.
Неговата харизма, неуморната работа и страста кон музиката и телевизијата ќе остават неизбришлива трага. Неговото наследство ќе живее преку сите кои имаа привилегија да работат со него и низ сите чии животи ги допре.