Работи кои можеме да ги научиме само од нашите мајки: 5 лекции за љубовта кои секоја ќерка мора да ги знае!

Добивај вести на Viber

Човек најдобро учи од сопствените искуства, но некои лекции  мајките треба да им ги пренесат на своите деца и да им помогнат да се справат со проблемите во животот.

Мајките имаат повеќе искуство и мудрост кои треба да ги пренесат на своите ќерки за да бидат среќни, задоволни и сигурни во себе.

Ти си доволна

Ако има една порака што ќерките треба да ја слушнат од нивните мајки, тоа е оваа. Да знае дека таа е доволна - таа секогаш ќе се сеќава дека не мора да се менува за никого, за да биде сакана. Научете ги дека оној кој се обидува да ја убеди во спротивното не е вистинската личност за неа и дека оној што не ја гледа нејзината вредност, не заслужува да биде дел од нејзиниот живот.

Почитувањето мора да биде взаемно

Ова не се однесува само на љубовта кон партнерот, туку и на љубовта што ја чувствуваме кон пријателите и семејството. Научете ја да ја бара почитта што сака да ја добива од партнерот.

Никогаш не дозволувај да се изгубиш во врска

Кога ќе се заљуби, се случува жената да заборави која е навистина без својата посилна половина. Сопствената несигурност или врската не треба да ја спречува да го живее животот што го заслужува. Затоа, научете ја вашата ќерка секогаш да ги држи своите интереси, пријателите и времето кое го има само за себе, онака како што сака.

Биди во врска и остани во неа од вистински причини

Мајките мора да ги научат своите ќерки дека вистинската љубов значи наклонетост, несебичност и дарежливост. Ако тие квалитети ги нема во врската, таа не треба ни да постои. Осаменоста, преживувањето на минатото, притисоците и заедничките пријатели не се причина за да се остане во врска. Не чекајте вашата ќерка да се засрами или да биде со скршено срце за да ѝ го дадете овој совет.

А скршеното срце носи лекција од која може нешто да се научи

На ќерките никогаш повеќе нема да им треба мајчински совет и утеха отколку кога срцето ѝ е скршено. Објаснете ѝ дека е во ред да чувствува болка, но и дека раскинувањето може да биде лекција. Кога ќе ја изгуби љубовта, жената може да научи повеќе за себе отколку во која било друга ситуација.

Како се справува со првото раскинување ќе ги обликува нејзините идни врски на многу моќен начин. Ќе ја научи што сака да прифати, што навистина и треба и кога и како да се откаже.


Фото: freepik