Струмичкиот градоначалник како Викинг: Карневалот во Струмица во полн ек

Добивај вести на Viber

Струмичкиот карневал е годишен карневал што се одржува во Струмица и е еден од најзначајните обичаи и традиции од таков вид во Македонија, којшто отишол можеби најдалеку во својата трансформација од сите традиционални игри под маски, како по времето на одржување, така и по својата цел и функција. Струмичкиот карневал се одржува традиционално секоја година во рамките на тримерските денови, односно на почетокот на големиот Велигденски пост, а и самото име „карневал“, (лат.c a r n e – месо и v a l i – збогум, односно „збогум месо“), нѝ асоцира на почеток на пост, а во овој случај тоа е Велигденскиот пост.

Традиција

Почетокот на постот, односно првите три дена се наречени тримерски денови и тие секогаш започнуваат од недела вечерта на Прочка и траат до среда, а во нивни рамки односно во вторник вечерта е традиционалната карневалска вечер, кога маскирани групи шетаат низ градот и одат по куќите каде што има верени, армасани девојки и каде што остануваат до раните утрински часови. Меѓутоа, што се однесува до поврзаноста на карневалот со тримерски денови, треба да се направи разликување, односно треба да се напомене дека нивната поврзаност е само временска т.е. тие временски се совпаѓаат, но не и суштински, бидејќи по својата суштина тримерите се еден христијански обичај, додека карневалот претставува остаток од еден култ од паганско време.

Историја

За карневалот во Струмица се смета дека е многу долга традиција. Тој бил споменат од страна на познатиот отомански патописецот Евлија Челебија уште во 1670 година. Тој, минувајќи низ Уструмџа, запишал: ...Дојдов во еден град, расположен во полите на еден висок баир и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа писок и песна... што јасно укажува на можноста дека се работи за тримерските карневалски свечености во Струмица..

И овој пат, карневалот е во пол ек.
Струмичкиот градоначалник Коста Костадинов објави пост на Фејсбук и се гледа дека е маскиран во Викинг. Еве што напиша:
„Шаренило, креативност и незаборавна атмосфера! Струмичани уште еднаш потврдија дека знаат како да создадат магија под маски. 
Маските, изработени со посебен напор и љубов, носат уникатна убавина на вечерта, а маскенбалот во хотелот „Сириус“ ветува нова незаборавна карневалска авантура. Со секој детал, со секој изглед, се чувствува духот на традицијата, но и современата креативност која го прави нашиот карневал уште поспецифичен.

Струмица, срце на карневалската традиција, продолжува да блеска со секоја нова година.  Нека живее карневалот, нека живее Струмица!“