Машина за пари и за деца: Илон Маск стана татко на 14-тото дете

Добивај вести на Viber

Ве неодамнешно интервју најбогатиот човек на планетата кажа шеговито дека сака да го насее своето семе насекаде на земјината топка. Колку и да звучи шеговито, тој само што стана татко на 14- тото негово дете. Другите 13 се од различни жени, со некои е во добри, со некои во лоши односи, а најмногу е во лоши односи со едниот од синовите кој се декларираше како девојка, на што Маск бурно реагираше. Синот (ќерката) го промени презимето само за да нема никаков контакт со таткото.

Инаку, Маск го дочека своето 14-то дете, овој пат со извршната директорка на Neuralink, Шивон Зилис. Таа ја сподели оваа вест на Х.

“Разговарав со Илон и по прекрасниот роденден на Аркадија, решивме дека е најдобро веднаш да објавиме дека имаме прекрасен син Селдон Ликургус. Тој е голем и има златно срце. Многу го сакаме”, напиша таа.

Директорот на Икс одговори на нејзиниот твит со емоџи во облик на срце. Во споменатата објава таа го откри и името на нивното трето дете – Аркадија. Таа е родена во 2024 година. Двајцата имаат и близнаци, Страјдер и Азур, кои се родени во 2021 година.

Маск имаше шест деца со својата прва сопруга Џастин Вилсон – Невада, која почина кратко по раѓањето, близнаците Грифин и Вивијан и синовите Каи, Саксон и Демијан.

Со пејачот Грајмс, тој ги има синовите X-a Æ A-Xii, попознат како X, Techna Mechanicus и ќерката Exa Dark Sideræl, чиј прекар е Y. Influencer Ешли Сент Клер неодамна објави дека имаат син.