Актуелно // Insta вести
„Некој го откопал гробот на Зоки, остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето“: Стефан Лазаров со шокантна објава
Стефан Лзаров излезе со потресна вест за вечното почивалиште на новинарот Зоран Василевски.
Еве што пишува во неговата фејсбук објава:
Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!
Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерство за внатрешни работи во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…", пишува Лазаров.