Ваква љубов сака секој: Игор Џамбазов ѝ отпеа песна на омилената (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Единствениот Игор Џамбазов ужива и си ја полни душата со неговата Ферхунде. Во видеото кое го сподели најголемиот шоумен во Македонија, по попладневната дремка која ја имале двајцата во Дојран, со помош на укулеле Џамбазов на неговиот најверен другар му ја отпеа песната „Something“ од најпознатиот рок бенд на сите времиња The Beatles.

Под видеото како и под сите нивни заеднички досегашни видеа неговите пријатели, фанови и следбеници напишаа позитивни коментари: „Прекраснотија сте, среќа сте, убавина сте, чувства сте...“, „Сакам и јас да бидам нечија Ферхунде“, „Блазе си ти Ферхунде“....

Љубовта на кучињата кон луѓето, особено кон нивните сопственици е неверојатна. Тоа мнгоу пати го покажале кучињата ширум светот во безброј ситуации. А како реагираше Ферхунде кога по 5 дена го виде Игор погледнете во видеото подолу:

Такви емоции, среќа, радост, исполнетот е дури неверојатна. Не бадијала векови наназад и ден денес кучето е најверниот пријател на човекот. 


Р.Ж.М.

Фото и Видео: Инстаграм/ Женски магазин - Вангел Тануровски