Сѐ во знакот на Дивиот запад: Ѕирнете во роденденската забава на ќерката на Јаков Спасов и Софија

Внуката на Драган Спасов Дац наполни 2 годинки
Мама Софија недели претходно споделуваше дел од идеата за роденденската забава на нејзината ќерка Гаиа. А прославата во целост од она кое го сподели сопругата на актерот Јаков Спасов, синот на легендарниот Драган Спасов Дац на нејзиниот Инстаграм профил е забава која би ја посакала секое дете.
Во знакот на Дивиот запад со играчки пиштолчиња, потковички, марами какви што носат каубојците во филмовите, кактуси и безброј други нешта, 2-годишната Гаиа прослави со своите другарчиња.
На прославата била и нејзината прва пријателка кучето Кара.
Мајката на Гаиа, Софија на денот на нејзиното раѓање сподели фотографии од славеничката и ѝ посвети емотивна објава:
„Моја Гаиа, мој малечок Универзум,
Две години како светот има нова боја, боја што никогаш претходно не постоела – твојата. Две години откако во моите раце се смести сета љубов на овој свет и сите одговори на прашањата што никогаш не знаев дека ги имам.
Секој ден со тебе е нова магија, нова лекција, ново чудо што го живеам со широко отворени очи и срце.
Времето стана необјаснива игра – и застана и летна истовремено. Секој ден со тебе е цел живот во неколку часа, а две години се како вечност што штотуку почнала.
Мое дете од ѕвезди и соништа, мој бестрашен истражувач на светот, моја неуморна насмевка што не знае за граници. Сакам засекогаш да останеш толку своја – диво слободна, несопирливо љубопитна, полна со љубов што го прави светот подобро место.
Среќен роденден, единствена моја Гаиа. Засекогаш ќе те сакам повеќе отколку што може да собере еден живот.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм