„Не секоја бура доаѓа да направи хаос, некоја ти ги расчистува патиштата“: Лила сподели нови вести за болеста со која се бореше

Добивај вести на Viber

Убави вести сподели водителката

Пред повеќе од 2 години најпознатата наша водителка Лила Филиповска имаше 5- часовна операција во која ѝ беше отстранет канцер на дојка. Оттогаш таа се‘ погласно и отворено зборува за борбата со ракот, но пред се‘ за превенцијата, односно раното откривање.

А денес, со емоции преку видео на Инстаграм сподели убава вест:

„Не секоја бура доаѓа да направи хаос, некоја ти ги расчистува патиштата.
Денес чист Pet scan пријатели мои и животот е поубав.
Само сакав да споделам и потсетам да уживаме во животот што ни е даден за што понекогаш доцна сфаќаме… Бидете ми здрави и живи“.

Инаку, водителката која е домаќинка на едно од најгледаните шоуа кај нас „Се или нешто“ неодамна откри и кого бакнува. Лила не можеше да ја сокрие љубовта која ја има кон него и го бакнуваше непрестано.


Р.Ж.М.

Фото: инстаграм

Потсвесно знаев дека тагата која ја имав со галони, мора негде да удри: Лила ја раскажа борбата со ракот на промоцијата на Ана Дорник