Официјалната причина за смртта на Мишел Трахтенберг ќе остане непозната: Откриенo и зошто

Актерката Мишел Трахтенберг почина на 40-годишна возраст.
Мишел Трахтенберг е најпозната по улогите во сериите „Бафи убиецот на вампири“ и „Озборувачка“, а веста за нејзината ненадејна смрт шокираше многумина.
На актерката неодамна и беше извршена трансплантација на црн дроб, а можно е нејзината смрт да е поради компликации, пишува „Пипл“.
Сепак, како што се наведува понатаму, семејството одлучило да не врши обдукција, што било прифатено, бидејќи нема сомнеж дека се работи за насилна смрт.
Мишел последен пат ја видела нејзината мајка Лана 10 часа пред смртта на актерката, а телото на својата ќерка го пронашла следниот ден околу 8 часот наутро. Таа повикала брза помош и полиција, но тие можеле само да констатираат смрт.
Како што раскажуваат пријателите на Мишел Трахтенберг, таа се обидела да ги убеди сите дека е добро, но само на блиските им кажала дека е емотивно скршена и се мачи.