Го свртеа светот наопаку и предизвикаа позитивни општествени промени: Тајм прогласи 13 жени на годината

Магазинот Тајм објави 13 жени кои ја одбележаа изминатата година.
Секоја година Тајм избира жени кои со своите постапки, храброст и влијание го насочиле вниманието на проблемите и предизвикале позитивни општествени промени. Оваа година акцентот е ставен на оние кои се борат против неправдата, ја подигаат свеста за клучните општествени прашања и поттикнуваат промени во нивното општество и пошироко.
Жизел Пелико со своето сведочење го сврте светот наопаку
Една од најважните именувани е Жизел Пелико, гласот на сите жени кои преживеале сексуално насилство, борец и хероина која со своето сведочење го сврте светот наопаку. „Нејзиниот случај, кој ги разоткри ужасите што ги трпеше повеќе од една деценија, стана катализатор за дебати за согласноста, правдата и системските неуспеси кои овозможуваат такви злосторства“, напишаа тие.
Никол Кидман се залага за промени во филмската индустрија
Место на нивната листа најде и Никол Кидман, бидејќи ја препозна потребата од промени во филмската индустрија.
Пред нешто повеќе од осум години, таа вети дека ќе соработува со најмалку една жена режисер на секои 18 месеци, а оттогаш соработувала со 19 од нив.
На списокот се и ѕвездата на ВНБА, Аја Вилсон, олимписката гимнастичарка Џордан Чилс, уметникот Лауфи, актерката Ана Саваи, активистката за репродуктивни права Аманда Зуравски, извршната директорка на Feeding America, Клер Бабинео-Фонтенот, активистката за женски права Фатокел Вилис, актерката и застапник за подигање на свеста за ракот на дојката, Оливиа Мун, како и ко-основачот и извршен директор Боби Лаура Моди и конзерваторката Пурнима Деви Барман.