ПАЦИЕНТИ, АКО НЕ НОСИТЕ МОБИЛЕН СО ВАС, НЕМА ДА МОЖЕМЕ ДА ВЕ УСЛУЖИМЕ: Чолакова вели има новина во Мој термин од која не можат да работат

Добивај вести на Viber

Докторката Лидија Чолакова Дервишова, вели дека од денес не можат да работат со Мој термин, ако пациентите не носат мобилен телефон со нив. За да им закажат термин или пак терапија да им препишат, системот им бара верификација со код кој се испраќа на смс бројот на пациентот.

„Почитувани пациенти,од денес имаме новина од Мој Термин,ако не носите мобилен телефон со вас нема да можеме да Ве услужиме.Дали матичните доктори да работат и лечат или да верификуваат телефони???

Веднаш да ни вратите да си работиме по старо???

Во спротивно ќе запреме со работа???

Па најдете друг да верификува телефони и додека им е лошо да чекаме смс????

Ќе не оставите ли еднаш да бодеме ДОКТОРИ???“, напиша таа на Фејсбук.

Извор: ФАКТОР