НЕМА КУРТУЛ ОД СТУДОТ: Следниот викенд доаѓа нов студен и влажен бран

Добивај вести на Viber

Во периодот кој што е пред нас, односно до петок (28  февруари) во нашата Република Македонија ќе имаме променливо време со повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините и на Скијачките центри повремено ќе провејува снег. Ќе биде релативно тивко и без некој изразен ветер, а во утринските и повторно во ноќните часови ќе има услови за појава на магла по котлините, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Слично време ќе имаме  и во Скопскиот регион, променливо и со услови за појава на магла наутро и повторно во ноќните часови. Ќе има услови и за повремен локален послаб дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат околу, или за неколку степен над нулата, а само на високите места, планините  и на Скијачките центри тие ќе бидат за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури пак до петок (28 февруари) ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека во југоисточните предели температурата повремено ќе се искачува  и до околу 15 степени.

И во Скопје температурата овие денови ќе се искачува до околу 15 степени.

За време  на викендот, односно на први и на втори март ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови значително заладување на времето, пообилни врнеи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег, најпрвин на Скијачките центри, планинските места  и повисоките населени места, потоа  и во дел од градовите, особено во западните  и во северните предели од нашата Македонија“,објави тој.

Извор: Фактор 
Фото: Freepik.com