Голем „камбек“ на најбараната чанта во 90-тите: Женствена, елегантна и практична

Добивај вести на Viber

Чантата го освои модниот свет и стана симбол на женственост

Кога Fendi го претстави својот легендарен модел Baguette чанта во 1997 година, никој не можеше да претпостави дека ќе стане еден од најпосакуваните додатоци на сите времиња, според Elle.

Инспирирана од елегантната, издолжена форма на францускиот леб багет, оваа чанта го освои модниот свет и стана симбол на женственост, луксуз и софистицираност.

Денес, повеќе од 20 години подоцна, чантата Baguette се враќа и ќе биде апсолутно задолжително парче во 2025 година.

Она што ја издвојува оваа чанта од другите модели е нејзиниот препознатлив правоаголен дизајн кој обезбедува совршена рамнотежа помеѓу стилот и функционалноста. Нејзината должина и рамна форма ја прават практична бидејќи одговара на се‘ што и е потребно на модерната жена - паричник, клучеви, шминка и уште неколку неопходни мали додатоци.

Исто така, благодарение на прилагодливата рачка, може да се носи и на рамо и под рака, што ѝ дава дополнителна доза на лежерна елеганција.

Токму оваа приспособливост ја прави идеален избор за сите прилики - од дневни урбани комбинации до вечерни излегувања. Овој класик доживеа еден вид „камбек“, донесувајќи модерна интерпретација преку различни материјали – од испукана кожа и сатен до украсни кристали и метални завршетоци.

Дизајнерите ја освежија со пастелни тонови, смели бои, но и неодоливи монограми и дезени кои дополнително ја истакнуваат нејзината ексклузивност.


Фото: инстаграм/freepik