8 модни трикови за ниски жени: Нема грешки со овие правила, еве каква облека најдобро ќе ви одговара

Добивај вести на Viber

Постојат модни правила за ниските жени кои ќе им помогнат да изгледаат совршено во секоја облека...

Не постојат универзални модни правила за сите жени бидејќи многу зависи од градбата и обликот на телото, што е различно за секоја дама. Сепак, модните експерти се согласуваат околу некои клучни правила кога се во прашање пониските жени.

Иако облекувањето често им е предизвик, а многу модни трендови не им одговараат, сепак постојат правила кои треба да ги паметат доколку сакаат да изгледаат најдобро во секоја облека.

Еве што им препорачуваат модните експерти за пониските жени:

Чувајте ги јакните и палтата откопчани
Не ги закопчувајте јакните, блејзерите или палтата. Стилистите го препорачуваат ова бидејќи создава впечаток на подолго тело.


Висок струк
Верувале или не, штиклите не се единствениот додаток кој создава илузија за висина. Еден од најдобрите модни совети е да изберете здолништа или панталони кои се носат над вашиот природен струк или оние со ремен.


Така вашето тело ќе изгледа пократко, а нозете подолги, а ќе оставите впечаток на повисока личност.

Избегнувајте обемни торби
Накитот не треба да биде премногу впечатлив, ниту пак чантите што ги носите. Вашиот избор нека бидат минималистички парчиња, без премногу додатоци кои би ја „проголтале“ вашата силуета.


Бидете внимателни со долгите фустани
При изборот на долги фустани, најдобро е да изберете оние со V-деколте што ќе ја издолжат силуетата. Исто така, важно е да се еднобојни и да не се во некакви впечатливи дезени.


Обрнете внимание на ракавите
Без разлика дали купувате фустани, јакни или блузи, оние со 3/4 ракави се одличен избор. Ова не важи кога станува збор за палта или јакни.


Широка облека
Удобните широки џемпери и дуксери се нешто на што ситните жени треба да заборават. Едноставно кажано, ќе изгледа непријатно.


Ако навистина инсистирате на вакви парчиња, тогаш најдобро е да комбинирате широк топ со хеланки или тесни фармерки. Избегнувајте премногу слоеви за да не ве обзема облеката.

Кожени панталони
Ситните жени изгледаат добро во тесни кожени панталони, но задолжително комбинирајте ги со високи потпетици и тесен горен дел.


Монохроматски изглед
Облекувањето во ист тон значи дека сте облечени од глава до пети во повеќе нијанси со иста боја или иста нијанса. Ова е идеално за пониските дами, а ваквиот начин на облекување секогаш дава посебна доза на луксуз и елеганција.


Фото: Пинтерест
Извор: Lepaisrecna.mondo.rs