Сара Џесика Паркер во здолниште кое е идеално за дами над 50 години: Толку е совршено што го носат дури и многу помлади
![](/media/main/2025/02/20250215231013.jpg)
Сара Џесика Паркер со години важи за стилска икона.
Многу жени се одлучуваат да направат козметички корекции по 50-тата година од животот, но има и такви кои избираат природно стареење. Поради ова често се соочуваат со осуди во јавноста, а кога се во прашање познатите дами, ваквите коментари секако се поизразени.
Ѕвездата на „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер е една од оние кои гордо стареат и ги носат нејзините години. Често ја гледаме во јавноста, а нејзиниот изглед е доказ дека и на 58 години останува кралица на стилот, тврдат странски извори.
Освен што гордо ја носи седата коса, она што ја издвојува Сара Џесика од останатите е нејзиниот стил на облекување. Актерката секогаш знае да избере модерни парчиња и во нив изгледа елегантно и софистицирано.
Таа неодамна изгледаше толку блескаво во сиво здолниште со блејзер во истата нијанса. Здолништето ги следи контурите на телото, но ништо не е „претерано“ бидејќи блејзерот што го одбрала одлично покрива се‘. Салонките додаваат допир на елеганција. Одличен избор.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot